Connect with us

Аворнио пред дуелот со Шкупи: Првпат играм против екипа за која претходно сум настапувал

По елиминацијата во Купот на Македонија, Башкими се фокусира кон обврските во домашното првенство. Во десеттото коло, кумановци ќе се сретнат со Шкупи, кој до овој момент има освоено само еден бод.

Напаѓачот на Башкими и поранешен играч на Шкупи, Емануел Аворнио, смета дека трите бода ќе останат во Куманово.

„Откако бевме елиминирани од Купот на Македонија, чувството не беше добро за мене и за тимот, бидејќи сакавме победа и пласман во следната рунда, но за жал загубивме, што е дел од фудбалот. Играњето против тим како Шкупи нема да биде лесна задача, но верувам дека со квалитетните играчи што ги имаме и со поддршката од навивачите, ќе ги освоиме максималните три бода. Тие ни требаат и тоа ќе ни помогне да се вратиме на победничкиот пат во првенството. Чувството е добро, а ова ми е првпат да играм против тим во кој сум играл претходно. Се чувствувам добро и подготвен за натпреварот против Шкупи“, рече Аворнио.

Натпреварот помеѓу Башкими и Шкупи ќе се игра на стадионот на Башкими, во 14:30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови