Connect with us

Арсими патува во Кавадарци и посакува позитивен резултат

Вo десеттото коло од Првата фудбалска лига, Арсими гостува во Кавадарци, каде ќе се соочи со екипата на Тиквеш, која е позната по својата цврста и борбена игра на домашен терен. Арсими ја заврши неделата со интензивни тренинзи и детална анализа на противникот, со цел подобрување на сопствената игра во сите линии.

Крилниот напаѓач Шпенд Асани вели дека тимот е целосно подготвен и мотивиран.

„Работевме многу напорно оваа недела и знаеме што нѐ очекува во Кавадарци. Нема да биде лесно, но сме подготвени да дадеме се на теренот. Свесни сме дека не очекува многу тежок натпревар против квалитетен противник како Тиквеш, особено на нивниот терен во Кавадарци. Сепак, нашиот тим работеше напорно во текот на неделата, ја анализиравме нивната игра и сме максимално подготвени да дадеме се на теренот. Имаме почит кон секој противник, но не се плашиме од никого. Нашата цел е да покажеме дисциплинирана, борбена и срцеста игра како што секогаш го карактеризира Арсими”, изјави Асани.

„Убеден сум дека ако го спроведеме планот на тренерот и дадеме максимум, можеме да освоиме позитивен резултат и на овој тежок терен. Им благодарам на нашите навивачи за постојаната поддршка тие се нашата дополнителна сила на секој натпревар”, заврши фудбалерот на Арсими.

Натпреварот Тиквеш – Арсими ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 14:30 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови