Македонскиот првак Шкендија вечерва (18.45 часот) ќе ужива во „европска ноќ“ на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, го пречекува ирскиот Шелбурн во првиот натпревар на домашен терен од групната фаза на Лигата на Конференции. За тетовскиот тим ова е историски момент, откако преку одлични настапи во летните квалификации обезбеди место во групната фаза на едно од престижните европски натпреварувања.
Првпат по осум години еден македонски тим се најде во групна фаза на европско натпреварување. Досега македонските клубови во групите имаат освоено само еден бод, кога Вардар ремизираше против Розенборг, а сега Шкендија има реална шанса да запише прва победа.
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, во пресрет на натпреварот, вели дека треба да се искористи домашниот терен и поддршката од фановите.
„Ова е голем момент за нашиот клуб, за нашите навивачи и за целиот македонски фудбал. Се подготвуваме максимално и сакаме да го искористиме домашниот терен. Играчите се мотивирани, а атмосферата во тимот е одлична. Се надевам дека ќе ја покажеме нашата вистинска сила на теренот“, изјави Беќири.
Дефанзивецот Клисман Цаке вели дека Шелбурн е одличен тим, но тој и соиграчите се подготвени да испишат историја.
„Навистина е посебно да играме пред домашната публика во Европа. Секој играч го чувствува тоа и сака да остави белег. Шелбурн е силен противник, но ние веруваме во себе и ќе дадеме се од себе да дојдеме до победата.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













