Connect with us

Младите Мароканци станаа светски фудбалски шампиони (ВИДЕО)

Младата фудбалска репрезентација на Мароко испиша историја, освојувајќи го светското злато на Мундијалот за играчи до 20 години што се одржа во Чиле. Во финалето, одиграно утрово, младите „лавови од Атлас“ ја совладаа Аргентина со 2-0 и заслужено го подигнаа трофејот.

Херој на финалето беше неверојатниот Јасер Забири, кој ги постигна двата гола уште во првото полувреме. Напаѓачот на португалскиот Фамаликао повторно блесна со својот инстинкт за гол и прецизност, потврдувајќи дека е голема надеж на мароканскиот фудбал.

Забири го заврши турнирот со пет погодоци, со што се вброи меѓу најдобрите стрелци на Светското првенство, а неговите партии оставија впечаток на зрелост и квалитет далеку над неговите години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови