
Милан запиша петта победа во Серија А, совладувајќи ја Фиорентина со пресврт (2-1) во седмото коло од италијанското првенство. Натпреварот на „Сан Сиро“ понуди голема борба, а и покрај бројните проблеми со повредите, тимот на Масимилијано Алегри успеа да слави благодарение на блескавото издание на Рафаел Леао, кој го режираше пресвртот.
Дуелот започна со внимателна игра на двете страни — Милан ја имаше иницијативата, но Фиорентина стоеше цврсто во одбраната и успешно ги неутрализираше налетите на домаќинот.
На почетокот од второто полувреме, Фиорентина стигна до водство. Во 55. минута, по корнер, Раниери ја врати топката во петерецот, голманот Мењaн интервенираше, но по одбивањето од Габија таа дојде пред голот, а Робин Госенс од непосредна близина ја втурна во мрежата за 0-1.
Алегри веднаш реагираше со замени – младиот Атекаме го напушти теренот, а на негово место влезе Сантијаго Хименез. Леао потоа се повлече подлабоко кон средината и во 63. минута ја презеде иницијативата: прими топка на околу 30 метри од голот, влезе кон внатрешноста и со прецизен удар го совлада Де Хеа за 1-1.
Поддржани од фантастичната атмосфера на „Сан Сиро“, „росонерите“ тргнаа по целосен пресврт. Фофана се закани двапати, а голманот Де Хеа блескаше со неколку извонредни одбрани, меѓу кои и онаа во 76. минута по ударот на Хименез. Само неколку минути подоцна, Мексиканецот изнуди пенал по дуел со Паризи.
Судијата Ливио Маринели првично покажа дека нема прекршок, но по преглед на снимката покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Рафаел Леао, кој со вториот погодок го запечати пресвртот и му донесе триумф на Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
