
Еден од најталентираните фудбалери во светот, Ламин Јамал, за првпат во својата кариера се најде во топ 10 најплатени фудбалери.
Според магазинот „Форбс“, главната причина за тоа се профитабилните договори што Јамал ги потпиша со „Адидас“, „Виза“ и „Конами“.
Се предвидува дека Јамал оваа сезона ќе заработи нешто повеќе од 38 милиони евра, од кои речиси девет милиони ќе бидат од спонзорски договори.
На врвот на листата на најплатени фудбалери во светот, како што и се очекуваше, се наоѓаат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Според проценките на „Форбс“, Португалецот оваа година ќе заработи нешто повеќе од 250 милиони евра, додека Аргентинецот ќе инкасира околу 116 милиони евра, од кои речиси 63 милиони ќе бидат заработени вон теренот.
На листата на најплатени фудбалери се наоѓаат уште и Карим Бензема, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор, Мохамед Салах, Садио Мане и Џуд Белингам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
