Фудбалската федерација на Чешка денеска го разреши селекторот Иван Хашек по поразот од Фарските Острови во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Претседателот на федерацијата, Давид Трунда, не откри кој ќе биде новиот селектор, туку само дека ќе биде именуван стратег кој ќе ја предводи репрезентацијата до крајот на квалификациите.
Поранешниот чешки репрезентативец Павел Недвед беше замолен да состави листа на потенцијални кандидати. Чешка во неделата загуби како гостин од Фарските Острови со 2-1.
Во моментов, Чешка е второпласирана на табелата во групата Л со 13 бода од седум натпревари, додека Фарски Острови се третопласирани со бод помалку. Прва е Хрватска со 16 бода, но со натпревар помалку. Црна Гора има шест бодови од шест натпревари, а последен е Гибралтар без бодови.
Првопласираните репрезентации од секоја група директно ќе се пласираат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, додека второпласираните ќе играат во бараж.
Последниот натпревар во квалификациите Чешка ќе го одигра на 17 ноември против Гибралтар, и во случај на победа ќе обезбеди место во баражот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













