
Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, коментираше која е главната разлика меѓу неговиот сегашен клуб и поранешниот тим Пари Сен Жермен, каде што играше од 2017 до 2024 година.
„Разликата е едноставно во тоа што Реал е најдобриот клуб во светот“, изјави напаѓачот.
„Навикнат сум на притисок од публиката. Но тука си велиш: ‘Јас сум во најдобриот клуб во светот, морам да победувам, да се претставувам добро, да бидам пример за соиграчите и за навивачите’“, сподели Мбапе за „Movistar“.
Францускиот репрезентативец го изрази и своето мислење за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
„Се видовме пред неколку дена за време на натпреварот против Лил. Тој е многу добар човек и одличен, дури извонреден тренер. Нашите односи се прекрасни и му посакувам сè најдобро. Имавме одличен заеднички период во ПСЖ“, рече Мбапе.
Напаѓачот настапи на 308 натпревари во сите натпреварувања за парижаните, постигнувајќи 256 голови и 110 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
