Вториот ден од осминафиналето во Лигата на шампионите носи нешто помалку атрактивни натпревари. Јувентус ќе гостува на „Драгао“ кај Порто. Кристијано Роналдо пред 18 години ја напушти Португалија за да гради интернационална кариера, а сега се враќа во татковината кај еден од поранешните големи ривали. Легендарниот Португалец и со 35 години игра во одлична форма и оваа сезона веќе постигна 22 гола во дресот на „старата дама“.
Порто ја гледа својата шанса во домашниот терен, иако се игра без присуство на публика и досега нема ниеден триумф над Јувентус. Во досегашните четири натпревари, Јувентус победил трипати, а еден дуел завршил со реми.
Во вториот меч од вечерашната програма Севилја како домаќин ќе ја пречека Борусија Дортмунд. Шпанскиот тим е во одлична форма во Ла Лига, реди победи, а сосема спротивно е расположението во Дортмунд. И покрај големите очекувања, во Бундес-лигата тимот се наоѓа дури на шестата позиција, Баерн им бега огромни 16 бода, а најавено е дека следната сезона Марко Росе на клупата ќе го замени сегашниот тренер Един Терзиќ. Но, тоа не значи дека Ерлинг Халанд и друштвото не би можеле да блеснат во полн сјај на дуелот со Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













