Италијанскиот првак Јувентус е сериозно заинтересиран за ангажман на холандскиот интернационалец Мемфис Депај од Лион. Тој би можел да пристигне дури и во пакет со неговиот клупски соиграч Хусем Ауар во Торино.
Тренерот на „старата дама“, Андреа Пирло, сака да го освежи ростерот за следната сезона, а Депај е една од неговите најголеми желби. За тандемот од Лион раководството на Јуве е подготвено да плати 70 милиони евра.
Јувентус има сериозна конкуренција за трансферот на Мемфис Депај во Барселона и во Борусија Дортмунд. Каталонскиот гигант немаше финансиска моќ да го доведе во јануари, но најавите се дека состојбата ќе биде многу подобра откако ќе се одржат изборите за ново раководство. Борусија Дортмунд исто така е во игра затоа што го планира како наследник на Ерлинг Халанд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













