Манчестер Јунајтед конечно одигра натпревар по мерак на своите фанови на „Олд Трафорд“ и со 2-0 славеше против Сандерленд во седмото коло од Премиер – лигата.
Тимот на Рубен Аморим од самиот почеток покажа голема желба за игра и создаде неколку добри шанси, а првиот гол падна во осмата минута, кога мрежата ја затресе Мејсон Маунт.
„Ѓаволите“ продолжија со офанзивата и брзо ја удвоија предноста со голот на Словенецот Бењамин Шешко во 31. минута, што донесе комфорна ситуација за домашниот тим.
Манчестер Јунајтед ја запиша третата победа сезонава и со тоа се проби на осмата позиција на табелата.
Арсенал оствари рутински триумф во градското дерби против Вест Хем, победувајќи со 2-0. Со овие три бода, тимот на Микел Артета привремено се искачи на врвот на табелата, иако Ливерпул има натпревар помалку.
Головите за „топчиите“ ги постигнаа Деклан Рајс и Букајо Сака од пенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













