Лацио и Торино одиграа спектакуларен меч со нерешен резултат 3-3 во шестото коло од Серија А. Дуелот понуди шест погодоци, многу драма и неверојатна завршница со израмнувачки гол во 103. минута што предизвика ерупција на „Олимпико“.
Торино прв дојде до предност преку Џовани Симеоне во 16. минута. Сепак, до полувремето Лацио беше подобар тим и со двата гола на Матео Канчелиери направи пресврт за 2-1.
Во второто полувреме Че Адамс израмни за „биковите“, а вистинската драма започна дури во судиското продолжение.
Иако судијата Марко Пичинини првично одреди само четири минути надополнување, голот на Саул Коко за 2-3 бараше долга ВАР-проверка. На крај беше потврден како регуларен, па Торино поведе. Но, само неколку моменти подоцна следуваше прекршок во шеснаесетникот на гостите и нова ВАР-интервенција. Одлуката беше променета, Лацио доби пенал, а Данило Каталди во 103. минута реализираше за конечни 3-3.
🚨 SERIE A! 🇮🇹
— Polymarket FC (@PolymarketFC) October 4, 2025
CATALDI EQUALIZES IN THE LAST MINUTE! 🤯
Lazio 3-3 Torino
🎥 @GoalsXtra pic.twitter.com/I7KVx6tIyc
Во истото време Лече славеше на гостувањето кај Парма (0-1) со голот на Рикардо Сотил постигнат на „Енио Тардини“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













