
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека сите билети наменети за македонските навивачи за квалификацискиот натпревар Белгија – Македонија (10.10.) за пласман на СП 2026 се целосно распродадени.
Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.
„Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија. Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети“, велат од ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-15 и вторпат го победи Косово

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
