Арсими посакува победа и против Брера во 7-то коло од Првата Лига кој носи интересен дуел во Струмица. Екипата на Арсими доаѓа во Струмица, по тешкиот пораз од Вардар и овојпат посакува да оствари победа и да се врати во Чегране со три бода.
„По поразот дома од Вардар, сакаме јавно да им се извиниме на публиката и на сите наши верни навивачи кои не поддржуваат на секој натпревар. Знаеме дека очекувањата беа големи и дека тој пораз донесе разочарување, но како екипа решени сме да дадеме се од себе на теренот за да постигнеме подобри резултати,“ изјави фудбалерот од средниот ред на Арсими, Џемил Јахији.
Тој додаде дека тимот е максимално фокусиран за дуелот во Струмица вети дека екипата ќе даде максимумот на секоја нареден натпревар.
“Против Брера ќе влеземе мотивирани и со единствена цел – позитивен резултат. Ветуваме дека ќе се бориме до крај на секој натпревар, за да последниот пораз остане само заборавено минато. Благодариме за поддршката и довербата, одиме по победа и нови 3 бода“, изјави на крајот Јахији.
Натпреварот меѓу Брера и Арсими ќе се одигра на стадионот во Струмица, во 15.30 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













