
Со денешниот дуел на Чаир стартува седмото коло во домашниот шампионат на Прва МФЛ. На програмата е единствениот меч во Скопје, каде што премиерно сезонава на стадионот во Чаир ќе се сретнат Шкупи и Македонија ЃП
Домаќинот е во голема резултатска криза. Проблемите во тимот најмногу се одразуваат на теренот, па Шкупи засега е без бодови на своето салдо. Сепак, пред своите навивачи овој тим ќе се обиде конечно да ја „прекине“ лошата серија и да почне да бележи позитивни резултати.
На гости доаѓа Македонија ЃП, тим кој на стартот од сезоната загуби три натпревари по ред, но во меѓувреме успеа да запише две победи и моментално е дел од „златната средина“ на табелата.
„Нѐ очекува тежок натпревар. Домаќинот игра пред свои навивачи и тоа секогаш носи дополнителна мотивација. Тоа што Шкупи сè уште нема бодови за нас апсолутно ништо не значи. Тие имаат квалитет и никако не смееме да влеземе со потценување. Ние пак, од меч во меч напредуваме и играчки и резултатски. Имаме свои мотиви, сакаме победа и тоа ќе го покажеме на терен. Македонија ЃП денеска оди на три бода,“ изјави Мартин Талаков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе
