Башкими денеска ќе бара победа по два последователни пораза, против Струга Трим Лум и Шкендија. Но, пред себе има тежок предизвик бидејќи ќе се соочи со екипа која е „совршена“ во првите пет кола од Прва МФЛ.
Гостите од Кратвоо имаат најефикасен напад со просек од три гола по натпревар, а досега примија само еден гол. Сепак, централниот бек Реџеп Мурати верува дека Башкими е подготвен да му донесе големи главоболки на актуелниот лидер во првенството.
„Работевме напорно на тренинзите и ќе го дадеме нашиот максимум на теренот. Го почитуваме противникот, Силекс, но нашата цел е победа. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе ги направиме нашите навивачи среќни“, изјави Мурати.
Тој е убеден дека екипата ќе реагира позитивно на домашен терен во Куманово и ќе им ја донесе радоста на навивачите.
„Ќе дадеме сè од себе и сигурен сум дека бодовите од овој натпревар ќе останат во Куманово. Нашите навивачи заслужуваат победа и ќе се бориме до крај за нив“, додаде централниот бек на Башкими.
Натпреварот од шестото коло меѓу Башкими и Силекс ќе се игра денеска од 15:30 часот на стадионот во Куманово.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













