Брегалница го оправда статусот на фаворит и во третото коло од Втората лига убедливо го совлада Тетекс со 6-1 (1-0).
Штипјани стартуваа агресивно и создадоа неколку шанси, а во 31. минута Даниел Карчески ја отвори тетовската мрежа за водство од 1-0. До полувремето имаа уште можности да ја зголемат разликата, но на пауза заминаа со минимално водство.
Веднаш на стартот од вториот дел Дарко Алексовски реализираше за 2-0. Гостите накратко се вратија во игра преку младиот Мисајловски, кој во 58. минута со атрактивен удар намали на 2-1. Но, само две минути подоцна Тасев погоди за 3-1 и ја врати резултатската контрола кај домашните.
Потоа следеше вистинска голеада. Карчески со убав удар од дистанца погоди за 4-1, Демири веднаш по една грешка на гостите ја зголеми предноста на 5-1, а Лука Бојаџиев во 76. минута ги постави конечните 6-1.
На табелата во ВМФЛ, четири екипи – Брегалница, Шкендија Арачиново, Кожуф и Беласица – се израмнети со по 7 бода. Зад нив се Новаци и Детонит Плачковица со по 6, а единствен тим без освоен бод останува Големо Коњари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













