Connect with us

Роналдо со приватен авион го испратил мачорот Пепе на лекување во Шпанија

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо организираше приватен авионски лет за мачорот Пепе кој е дел од неговото големо семејство во Торино. Тој поради болест ќе мора одреден период да мине во клиника за домашни миленици во Шпанија, пишува италијанскиот весник „Repubblica“.

„Пепе беше многу болен и повеќе од еден месец е на интензивна нега во клиника за домашни миленици во Шпанија. Децата сакаа да си играат со него, но тој делуваше несреќно. Поради ова сите беа многу вознемирени, а Кристијано одлучи Пепе да ја има најдобрата можна нега и го испрати во Шпанија“, објасни за италијанскиот медиум, неговата сестра Елма дос Сантос Авеиро. 

По два месеци лекување, сега мачорот Пепе е повторно здрав и подготвен да се врати во Торино. Инаку, мачорот доби име по еден од најдобрите пријатели на Роналдо, португалскиот репрезентативец Пепе со кого играше заедно и во Реал Мадрид. 

          

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови