Connect with us

Алими: За нас најважни се трите бода против Лихтенштајн

Македонската А репрезентација на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги продолжува подготовките за натпреварот против Лихтенштајн в недела на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашиот репрезентативец, Исник Алими смета дека трите бодови во квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн се најважни, сеедно дали е еден, три или 5:0 за нас. Фудбалерот од средниот ред вели дека се анализираат грешките од последниот контролен натпревар со Саудиска Арабија.

“Нормално, кога губиш не е добро. Саудиска Арабија е добар тим, а ние почнавме со неколкумина нови фудбалери во почетниот состав. Беше добар тест за нас, да видиме до каде сме и треба да анализираме што не беше добро за да не се повтори на следните натпревари. Сега секоја репрезентација е сериозна, но со Лихтанштајн ние треба да победиме, не е важно дали е 1-0, 3-0 или 5-0, најважно е бодовите да останат во Скопје. Тоа е целта за овој меч”, изјави Исник Алими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови