
Фудбалерите на АП Брера имаат нов предизвик, гостување во Кавадарци и дуел со Тиквеш во четвртото коло од Прва МФЛ. Ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат, како што тоа го направија на претходното првенствено гостување, на Арената „Тодор Проески“ против Вардар, кога одиграа 2:2.
Тоа издание на тимот, тој натпревар, треба да биде урнекот како да одигра составот на Панче Стојанов и на денешниот дуел со Тиквеш.
„Нема да биде лесно, но доколку одиграме како на минатото гостување против Вардар, можеме да се надеваме на позитивен исход“, најавуваат од Брера.
Брера по три одиграни кола има еден бод, токму од гостувањето во Скопје, а идентично е бодовното салдо и на Тиквеш. Кавадарчани на стартот на сезоната ремизираа без голови дома против Работнички, а потоа загубија двапати по ред, од Вардар (1:2) и од Башкими (3:1) на гости.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
