Македонскиот првак Шкендија вечерва (19.30 часот) во Разград ќе го одигра реванш мечот од плеј-офот за пласман во Лигата на Европа против бугарскиот шампион Лудогорец.
Иако Лудогорец влезе во овој двомеч како изразит фаворит, шампионот на Македонија во првиот натпревар во Скопје одигра одлично и заслужено славеше со 2-1, па сега во Бугарија ќе ја брани минималната предност.
На прес-конференцијата пред натпреварот, стратегот на тетовци Јетон Беќири ја препушти фаворитската улога на противникот, но јасно порача дека неговите играчи имаат сила да направат голем успех.
„Ние веќе постигнавме нешто, но мора да останеме гладни за успех и да веруваме дека можеме да се пласираме во Лига Европа. Лудогорец е фаворит, тоа е јасно, но во фудбалот фаворитот не победува секогаш. Видовме многу примери кога поскапи и поквалитетни тимови биле елиминирани. Ќе влеземе со почит, но и со верба во сопствените можности“, изјави Беќири.
Доколку Шкендија успее да ја одбрани предноста и избори пласман во групната фаза, ќе стане само вториот македонски клуб во историјата со ваков успех, по Вардар во 2017 година.
Во случај на елиминација, тетовскиот клуб ќе ја продолжи европската авантура во групите од Конференциската лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













