
ФК Пелистер се најде под лупа на дисциплинските органи на ФФМ поради несоодветното однесување на дел од своите навивачи за време на дуелот со Шкупи, одигран во Кавадарци во рамки на третото коло од Првата македонска фудбалска лига.
Иако битолчани на теренот стигнаа до својата втора победа во сезоната, триумфот беше засенет од навредливи скандирања на дел од публиката. Делегатот на натпреварот доставил официјална пријава до Комисијата за натпревари, по што случајот веднаш бил проследен до Дисциплинската комисија.
Од ФФМ потврдија дека предметот ќе биде разгледан во наредниот период, а најверојатниот исход е изрекување санкција за клубот од Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
