
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди цените на влезниците за квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Лихтенштајн што ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ на 7 септември. Цените на билетите се движат од 300 до 500 денари, во зависност од трибината и локацијата на седиштата.
„УО на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварот помеѓу А репрезентациите на Македонија и Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Цените на влезниците изнесуваат 300,00 денари за западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. 400,00 денари е цена на билет за јужна трибина (блок 1, 2, 5 и 6) и северна трибина (блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24). 500,00 денари е цена на влезница од Прва категорија, северна трибина (блок 21 и 23) и јужна трибина (блок 3 и 4);
Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ“, се вели во соопштението на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal