
Тиквеш денеска во Куманово против Башкими ќе го одигра третиот натпревар од актуелниот шампионат во Прва МФЛ.
Кавадарчани го стартуваа шампионатот со еден освоен бод од првите две кола против Работнички и Вардар на домашен терен. Денеска, избраниците на Ѓорѓи Мојсов првпат ќе настапат на гостински терен.
„На стартот на шампионатот можевме многу подобро. Испуштивме бодови во првите две кола и тоа е нешто за што може да жалиме. Сепак, не смееме премногу да размислува за минатото. Имаме квалитетен тим, кој може да конкурира за горните позиции на табелата. Денеска не очекува тежок натпревар со квалитетен противник, но убеден сум дека сè е во наши раце. Имавме доволно време да се подготвиме, знаеме што не очекува. Сепак, верувам дека можеме да дојдеме до победа и со три бода да се вратиме од Куманово“, изјави Дарко Илиески за официјалниот сајт на ФФМ.
Фото: ФФМ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal