
Македонија ЃП во третото коло од Првата МФЛ гостува во Кратово. Во првите две кола „лавовите“ доживеаа порази против Струга ТЛ односно Шкендија, па на третиот дуел ќе се обидат да стигнат до првите бодови.
Распоредот за Македонија ЃП сезонава воопшто не е лесен, барем на стартот. Во три кола се сретнаа со три екипи кои имаат високи амбиции.
„Тоа е точно, распоредот не ни е најлесен, но тоа не е никакво алиби, за евентуален нов неуспех. Напротив, доста беа порази. Одиме во Кратово по поволен резултат. Нема што тука премногу да се дискутира. Не бевме комплетни ниту во Струга, ниту против Шкендија, полека екипата ги вбројува и оние кои недостасуваа. Па така, мислам дека е вистинско време за наш добар резултат. Да покажеме дека сме добар тим, воигран тим кој сезонава ќе игра битна улога во домашниот шампионат“, изјави Ѓорѓи Стоилов за официјалиот сајт на ФФМ.
Мечот во Кратово меѓу Силекс и Македонија ЃП започнува во 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
