
Вардар не успеа да слави против Брера и во возбудлив меч на Националната Арена во Скопје одигра само 2-2 во третото коло од ПМФЛ. Тимот на Гоце Седлоски важеше за голем фаворит, но ривалот од Струмица, кој го освои првиот бод сезонава, им зададе сериозни проблеми.
Мечот почна со офанзива на Вардар, но Брера беше таа што поведе прва. Во 15. минута Фад Нзенге ја искористи грешката на Сенгор и со лоб удар го совлада Давор Талески за 0-1. Радоста траеше кратко – само четири минути подоцна Роџерс Мато со силен удар израмни на 1-1.
Вардар продолжи да притиска, но токму тогаш дојде нов шок. Зоран Ивановски претрча половина терен и во 40. минута повторно донесе предност за Брера од 1-2. На пауза гостите заминаа со водство.
Седлоски реагираше со три измени на стартот од второто полувреме, вклучувајќи го и Кастанеда, и Вардар целосно се фрли во напад. Брера пак можеше да стави точка на мечот, но ја погоди пречката за потенцијални 1-3.
Притисокот на домаќините конечно вроди плод во 88. минута, кога Мато со прекрасен погодок израмни на 2-2. Иако судијата даде девет минути надополнување и Вардар имаше неколку полушанси, недостасуваше завршница.
Брера се бранеше со сите сили и успеа да издржи, па го однесе првиот бод во новата сезона. Вардар мора да се задоволи со реми, и покрај тоа што имаше голема иницијатива во второто полувреме.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
