
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, беше задоволен од настапот на своите избраници по големата победа од 2-1 над Лудогорец во првиот плејоф-дуел за Лига Европа.
„Видовме убава Шкендија. Игравме добро, иако имавме неколку пропусти во одбраната. Сепак, победивме против квалитетен ривал кој сè уште е фаворит за пласман. Ние ќе дадеме максимум, а зошто да не веруваме во групна фаза?“, изјави Беќири.
Тој потенцира дека одличната конекција со фудбалерите е клучот за успесите.
„Не правиме ништо посебно, едноставно го извлекуваме максимумот од оваа група. Играчите ме разбираат затоа што одамна сме заедно. Сакаме да играме по наш идентитет, иако мора да очекуваме и лоши денови. Секако, ќе растеме со секој натпревар, а со уште 2-3 нови засилувања ќе бидеме конкурентни во првенството, купот и Европа.“
Беќири додаде и дека не размислува за одложување на натпревари од Првата лига:
„Не би било фер. Домашното првенство е важно и мора да го почитуваме. Ако одложуваме, потоа нема да има кога да играме. Сите натпреварувања заслужуваат почит.“
Реваншот Лудогорец – Шкендија е закажан за следниот четврток во 19:30 часот во Разград.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
