
Македонскиот шампион Шкендија славеше против бугарскиот првак Лудогорец со 2-1 и направи крупен чекор кон историски пласман во групите од Лига Европа. Со позитивен резултат во реваншот во Разград, тетовци би можеле да му се придружат на Вардар, кој во 2017 година влезе во истото натпреварување.

Хероите беа Лиридон Љатифи и Бесарт Ибраими. Двајцата со прецизни удари донесоа пресврт и заслужена победа на македонскиот првак.
Шкендија од самиот старт ја презеде иницијативата. Прв се закани беше Љатифи, но голманот Пат спаси. Малку подоцна и Цаке проба од дистанца, топката за малку мина крај дирекот.
Но, Лудогорец казни од првата посериозна акција. Во 18. минута Дерој Дуарте со удар по земја погоди за 0-1. Тетовци, сепак, не паднаа во паника. Продолжија во ист ритам и во 35. минута добија награда – вистински еврогол на Љатифи од слободен удар, повеќе од 25 метри.
На полувреме се замина со резултат 1-1.
Во второто полувреме играта се водеше главно на средината од теренот. Но, кога требаше најмногу, се појави најдобриот стрелец во македонскиот фудбал. Во 60. минута Бесарт Ибраими ја затресе мрежата за 2-1 и донесе нова еуфорија.
По водството, Шкендија играше внимателно. Лудогорец имаше само една вистинска шанса преку Текепеј, но голманот Гаје беше на висина. До крајот Тамба и Алхасан можеа да зголемат на 3-1, но нивните удари завршија над голот.
Ова е голема победа (2-1) за Шкендија, која ја остава во одлична позиција пред реваншот во Разград.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
