Македонскиот шампион Шкендија го доведе Атдхе Мазари, кој пристигнува како позајмен играч од хрватскиот клуб Вараждин.
Раководството на тетовскиот клуб постигна договор со Вараждин за едногодишна позајмица на напаѓачот Атдхе Мазари. По завршувањето на процедурите и комплетирањето на документацијата, фудбалерот потпиша договор што ќе важи до 30. јуни 2026 година.

Мазари е производ на младинската школа на Шкендија, каде помина одреден период, а потоа преку настапи за различни тимови го стекна првото сениорско искуство. Тој играше за Струга ТЛ, Охрид Лихнидос и Победа Прилеп, додека својот вистински потенцијал го покажа во Работнички, што му овозможи и прв меѓународен трансфер во Хрватска, во редовите на Вараждин.
Со искуство стекнато во домашното првенство и на меѓународната сцена, Мазари пристигнува во Тетово за да го засили офанзивниот дел од тимот на Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













