Connect with us

Шкендија ги пушти во продажба билетите за мечот со Лудогорец во Лига Европа

Македонскиот првак Шкендија информираше дека од денеска започна продажбата на билети за првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа против Лудогорец. Цената на билетите е 300 денари.

Дуелот ќе се одигра во четврток, со почеток од 20 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Поради новите правила на УЕФА за организација на мечеви, кои стапуваат на сила со новиот формат на натпреварувањето и обезбедено учество во групната фаза, ќе има одредени измени:

  • ВИП-трибината ќе има намален број на места, затоа што дел од просторот е резервиран за партнерите и спонзорите на УЕФА.
  • Блоковите 15, 16 и 17, кои претходно припаѓаа на ВИП-секторот, сега ќе бидат преместени во нов сектор под името „Категорија Прва класа“.

Продажни места на билети:

Тетово:

  • Монако Тобако
  • Онлајн преку mktickets.mk
  • На денот на мечот, на билетарницата пред стадионот „Тодор Проески“

Скопје:

  • LiteraturaMK – East Gate Mall
  • LiteraturaMK – Скопје Сити Мол
  • LiteraturaMK – Руга Македонија
  • LiteraturaMK – Diamond Mall
  • LiteraturaMK – КТУ Буњаковец
  • Туристичка агенција JK Travel – QTU Biser
  • Макпетрол – Влае
  • Макпетрол – Козле
  • Макпетрол – Илинденска

Куманово:

  • Tobacco Agora – QTU Garnizon

Гостивар:

  • Тобако Вона Пет – ул. Живко Брајковски 15

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови