Connect with us

ФК Пелистер ќе продава специјален јубилеен дрес по повод 80 години од основањето на клубот (Фото)

ФК Пелистер најави промоција на специјален јубилеен дрес по повод 80-годишнината од основањето на клубот и 40 години од создавањето на навивачката група „Чкембари“.

Дресот ќе може да се купи од вторник, 19 август 2025 година, во периодот од 17 до 20 часот, на главниот влез од стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

„Овој дрес не е само спортска опрема – тој е симбол на љубовта, традицијата и гордоста на Битола“, велат од клубот, додавајќи дека моделот претставува спој на историјата и верноста кои ја следат приказната на Пелистер цели осум децении.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови