Англискиот премиерлигаш Њукасл мака мачи со ангажман на нов напаѓач, а сѐ уште е неизвесна и иднината на Александер Исак, кој инсистира на трансфер во Ливерпул, но затоа тимот од „Сент Џејмс Парк’ успеа да компелтира еден важен трансфер за одбраната.
Според англиските медиуми, Њукасл се договорил за трансферот на дефанзивецот Малик Чау од Милан.
Германскиот фудбалер се согласил да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, а „росонерите“ ќе добијат вкупно 40 милиони евра како обештетување — 35 милиони веднаш и дополнителни 5 милиони евра преку бонуси.
Чау пристигна во Милан во август 2022 година од Шалке, каде што одиграл 85 натпревари и постигна еден гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













