Connect with us

Дарвин Нуњез го засили Ал-Хилал, Ињиго Мартинез дојде во Ал-Наср

Дарвин Нуњез и официјално е ново засилување на саудискиот фудбалски гигант Ал-Хилал. Уругвајскиот напаѓач пристигнува од Ливерпул и ќе има задача да ја пополни празнината во нападот по заминувањето на српскиот голгетер Александар Митровиќ.

26-годишниот Нуњез потпиша тригодишен договор со најтрофејниот клуб во Саудиска Арабија, а веќе се приклучи на своите нови соиграчи на подготовките што Ал-Хилал ги одржува во Германија.

Меѓутоа, активен на трансфер пазарот е и Ал-Наср, најголемиот ривал на Ал-Хилал.

Тимот на Кристијано Роналдо неодамна го доведе португалскиот офанзивец Жоао Феликс, а сега ја зацврсти одбраната со ангажманот на искусниот Баскиец Ињиго Мартинез, кој пристигна од Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови