Од денес (петок, 1 август) во 16:00 часот започна продажбата на билети за првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Шкендија и Карабах.
Мечот ќе се одигра на 5 август на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:00 часот. Цената на билетот изнесува 300 денари – иста како на претходните натпревари ова лето.
Билетите може да се набават онлајн преку mktickets.mk, а на денот на натпреварот ќе бидат достапни и на билетарницата на стадионот.
Шкендија ова лето обезбеди историски настап најмалку во групната фаза на Конференциската лига.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













