
Најтрофејниот македонски клуб Вардар вечерва во Лозана го игра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига. По триумфот од 2-1 во Скопје, вардарци имаат реални шанси за пласман понатаму, иако швајцарскиот претставник сѐ уште важи за умерен фаворит.
Нашиот истакнат стратег Зоран Стратев, кој во минатото беше и на кормилото на Вардар, вели дека Вардар има реални шанси да направи прогрес во следното коло.
„Вардар покажа дека има одличен тим и дека може да биде и повеќе од конкурентен против Лозана. Мислам дека ние самите направивме и малку поголема врева дека Лозана е многу силна. Се виде дека Вардар не само што може да парира, туку дека може во многу сегменти и да домонира во дуелот со швајцарскиот тим. Да, тие имаат поголем буџет, имаат поскапо платени фудбалери, но тоа не значи и дека се подобри од оние што ги има Гоце Седлоски. Тој е одличен стручњак, јас верувам и во него и во фудбалерите. Сигурен сум дека ќе го дадат максимумот и дека вечерва ќе го израдуват македонскиот народ, исто како што синоќа голема радост донесе и Шкендија“, анализира Зоран Стратев за МАКФУДБАЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го врати Жоао Палиња во Премиер-лигата

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах
