Тренерот на романскиот првак ФЦСБ, Елијас Хараламбус, изрази голем оптимизам пред утрешниот реванш против Шкендија во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. И покрај поразот од 0-1 во првиот натпревар во Скопје, стратегот на романскиот тим верува дека неговите избраници ќе успеат да ја надминат негативата и да обезбедат пласман во третата рунда.
„Најважно е што се враќаме на Националната Арена. Тоа е стадион на кој секогаш играме добро и се чувствуваме како дома. Мораме да го контролираме поседот и да играме со висок интензитет. Со поддршка од нашите навивачи, сигурен сум дека ќе бидеме подобри“, изјави Хараламбус.
Тој додаде дека не размислува за пенал-серија, бидејќи е уверен дека неговиот тим ќе го реши натпреварот во регуларниот дел.
„Имаме доволно квалитет да го завршиме овој дуел пред да дојде до пенали. Играчите мора да играат и за себе, но и за навивачите“, заврши тренерот на ФЦСБ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













