Connect with us

Љупчо Марковски – Калц ќе биде нов тренер на Шкендија Арачиново

Шкендија од Арачиново брзо го реши прашањето за нов тренер, назначувајќи го Љупчо Марковски – Калц за предводник на стручниот штаб. Тој ќе го наследи Шабан Сулејман, кој претходно се раздели со новиот второлигаш.

Искусниот стратег, кој има 58 години, најголемиот дел од својата кариера го помина во тимот на Скопје. Откако му го предаде кормилото на „пиратите“ на Александар Таневски, сега Калц се приклучува на новиот второлигаш од Арачиново.

Покрај Скопје, Марковски има работено и во Работнички и Тетекс, а со младинскиот состав на Вардар настапуваше и во Лигата на шампионите против Салцбург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови