Лозана на домашен терен славеше со 3-2 против Винтертур на почетокот на новата сезона во Швајцарија. Овој резултат е значаен за нас, особено за Вардар, бидејќи во четврток нашиот најтрофеен клуб ќе го одигра реваншот против Лозана во второто квалификациско коло од Конференциската лига.
На првиот натпревар Вардар во Скопје победи со 2-1.
Интересно е што гостите двапати имаа водство (0-1 и 1-2), но Лозана најпрво преку Диаките, а потоа преку Сене успеа да израмни на 2-2.
Резултатот остана таков сè до 93. минута, кога Диаките повторно ја погоди мрежата на гостите и ја донесе победата за домашниот тим.
Реваншот меѓу Лозана и Вардар ќе се игра на 31 јули (четврток) на стадионот „Тулиер“ во Лозана, со почеток во 20:15 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













