Шабан Сулејман од денеска не е тренер на Шкендија Арачиново, клуб кој во следната сезона ќе настапува во Втората лига. Токму Сулејман го врати тимот од Арачиново во ВМФЛ по долга пауза.
Во официјалното соопштение на клубот стои:
„Со взаемен договор денеска одлучивме да се разделиме со нашиот тренер, Шабан Сулејман. Шкендија 77 од срце му се заблагодарува на тренерот Сулејман за неговиот придонес, посветеност и професионалната работа што ја вложи во овој период. Тој секогаш ќе остане дел од нашата историја и ќе ја има почитта и благодарноста на клубот и навивачите“, се наведува во соопштението.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













