Второлигашот Охрид ова лето го доведе своето најголемо засилување – во клубот се врати Антонио Каланоски, еден од најпознатите фудбалери што потекнуваат од охридската школа. По богата кариера и настапи за бројни македонски прволигаши, 31-годишниот офанзивец повторно ќе го носи дресот на клубот од својот роден град.
„ГФК Охрид со огромна радост го претставува своето капитално засилување. Искусниот Каланоски е еден од најдобрите фудбалери кои произлегле од нашата школа. Тој доаѓа од Гостивар и за нас претставува клучна алка во битката за пласман во Првата лига“, стои во соопштението на охридскиот клуб.
Во изминатата сезона Каланоски ги бранеше боите на Гостивар и Брера, а низ својата кариера има настапувано за бројни македонски клубови, меѓу кои Силекс, Шкупи, Беласица, Победа, Струга, Борец, Царев Двор, Еуромилк, Металург, Напредок и Локомотива.
Со неговото искуство и квалитет, Охрид добива значајна фигура во обидот да избори враќање во македонската фудбалска елита.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













