Тренерот на Лозана, Петер Цајдлер, немаше многу причини за задоволство по натпреварот со Вардар.
По поразот во Скопје (2-1), германскиот стратег изјави дека неговиот тим не бил на потребното ниво и одиграл слабо, но најави дека очекува подобро издание на реваншот.
„Ова беше навистина тежок натпревар за нас, игравме на моменти и тензично, се обидовме да направиме и неколку замени, но беше очигледно дека ни недостига подобра дефанзива и поголема организираност во средниот ред. Сепак, ова беше нашиот само прв натпревар од квалификациите, веруваме во позитивен исход на реваншот. Не нѐ изненади Вардар со својата игра, туку би рекол дека самите ние изненадивме со нашето слабо издание. Инаку, Вардар играше одлично, посебно левото крило и фудбалерот со број девет“, изјави Цајдлер на прес-конференцијата по мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













