
Виктор Осимен е нов играч на Галатасарај. Турскиот шампион постигна договор со Наполи околу трансферот на нигерискиот напаѓач, кој се враќа во редовите на истанбулскиот гигант.
Сагата околу трансферот на Осимен конечно заврши. Нигериецот повторно ќе го облече дресот на Галатасарај, но овојпат како нивен официјален фудбалер.
Галатасарај и Наполи постигнале договор за 26-годишниот напаѓач, а денеска сè е финализирано – се очекува само официјалната објава.
Станува збор за најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал, вреден 80 милиони евра.
Галата веднаш ќе исплати 40 милиони евра на италијанскиот шампион, уште 35 милиони следната година, а дополнителни 5 милиони евра ќе бидат исплатени како бонуси за голови и настапи.
Исто така, Наполи обезбеди 10% од следната продажба на Осимен, што значи дека италијанскиот клуб доби сè што бараше – продаде играч кој не беше во плановите за висока сума и направи одличен бизнис.
Осимен ќе има неверојатен договор во Истанбул – ќе заработува 18 милиони евра нето по сезона, а договорот ќе трае до 2029 година. Тоа значи дека без бонуси, во наредните четири години ќе инкасира 72 милиони евра.
Нигериецот минатата сезона ја мина на позајмица во Галатасарај, каде одигра фантастично и ги воодушеви сите во клубот.
Одлучија да ги урнат сите рекорди во турскиот фудбал и да го откупат неговиот договор – за што вложија над 150 милиони евра.
Во дресот на Галатасарај минатата сезона одигра 41 натпревар и постигна 37 голови и осум асистенции.
Член на Наполи беше од 2020 година, кога пристигна од Лил за речиси 80 милиони евра. Со клубот ја освои титулата по три децении и во 133 настапи постигна 76 голови и 18 асистенции.
Нема сомнеж дека Осимен ќе биде главната ѕвезда на турскиот фудбал во наредната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
