
Бомба во последен момент на трансфер пазарот, со голем пресврт. Манчестер Јунајтед испратил молскавична понуда до Спортинг Лисабон, со износ малку над сумата за која се преговараше со Арсенал – меѓу 70 и 80 милиони евра. По овој брз потег на „црвените ѓаволи“, кои гп искористиле очигледниот застој во преговорите со Арсенал, англискиот клуб доставил понуда за Швеѓанецот и е многу блиску до договор со португалскиот гигант, јавуваат британските медиуми.
Желбата на Ѓокереш е добро позната: тој сака да игра за Арсенал, да се бори за титулата во Премиер – лигата и да настапува во Лигата на шампионите. Но во моментов, враќањето кај Рубен Аморим, кој го тренираше во Спортинг и со кого стана шампион на Португалија, изгледа како многу веројатно сценарио.
Како што објави „А Бола“ во саботата вечерта, договорот меѓу Арсенал и Спортинг за Ѓокереш е во сериозен ризик да пропадне, бидејќи португалскиот клуб е непопустлив во своето барање од 80 милиони евра за да се раздели со својот голгетер. Арсенал, пак, веќе шест дена не покажува никаква намера да ја зголеми својата понуда, што сериозно ги намалува шансите да се постигне договор. Ризикот од неуспех е голем, а дури и семејството на фудбалерот веќе е свесно дека напаѓачот сè повеќе се оддалечува од Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
