
Манчестер Јунајтед и Њукасл испратиле официјални барања до Пари Сен Жермен за можноста да го ангажираат напаѓачот Рандал Коло Муани, пренесува француското издание „Footmercato“.
Двата англиски клуба активно бараат алтернатива за Хуго Екитике, кој најверојтно ќе потпише за Ливерпул, а 26-годишниот француски репрезентативец се наметнува како водечка опција.
Коло Муани имаше солидна сезона во Јувентус, каде на позајмица постигна осум голови на 19 натпревари за „бјанконерите“. Италијанскиот клуб има интерес да го задржи, но ПСЖ има јасна намера да го продаде играчот наместо повторно да го прати на позајмица.
Коло Муани прејде во ПСЖ летото 2023 година за 76,4 милиони фунти, откако постигна 26 голови на 50 натпревари за Ајнтрахт Франкфурт во сезоната 2022/23. Сепак, во Париз не успеа да се наметне – во првата половина од сезоната 2024/25 одигра само 10 меча во Лига 1, претежно како замена, пред да замине на позајмица во Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
