
Реал Мадрид постигнал договор со Тибо Куртоа за продолжување на неговиот договор, пренесува „Марка“. 33-годишниот белгиски голман ќе го продолжи својот договор за уште една дополнителна година – до летото 2027 година.
Продолжувањето е безусловно, нема да зависи од бројот на одиграни натпревари и веќе се смета за завршена работа, останува само да биде официјално објавено од клубот.
Актуелниот договор на Куртоа важи до крајот на јуни 2026 година.
На овој начин, Реал Мадрид ја продолжува својата пракса да нуди само едногодишни продолжувања на фудбалери кои имаат над 32 години.
Куртоа е дел од „кралскиот клуб“ веќе седум години, откако во 2018 година прејде од Челси во Мадрид. За Реал досега има одиграно 288 натпревари, примил 282 голови и успеал да сочува 113 „чисти мрежи“. Со клубот има освоено две титули од Лигата на шампионите, три титули во Ла Лига, еден Куп на кралот, две европски Суперкупа, два шпански Суперкупа, како и Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
