Македонскиот првак Шкендија денеска ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од втората квалификациска рунда на Лигата на шампиони против ФЦСБ. Натпреварот се игра на 22 јули (вторник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 20 часот.
Цената на билетот изнесува 300 денари, а гбилетите може да се набават на следните места: Онлајн преку mktickets.mk, во просториите на ФК Шкендија во центарот на Тетово, на продажната точка „Монако Тобако“ во Тетово, а на самиот ден на натпреварот и на билетарницата на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје
Организаторите апелираат до навивачите да ги набават билетите однапред, со цел да се избегнат непотребни гужви и чекања пред влезот на стадионот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













