Connect with us

Спахиу: Треба да научиме важна лекција од грешките што ги направивме

Вардар обезбеди пласман во втората квалификациска рунда од Конференциската лига, но еуфоријата по натпреварот во Сан Марино не беше премногу нагласена. „Црвено-црните“ одиграа реми 2-2 против Ла Фиорита, резултат што беше доволен за вкупни 5-2 и нов предизвик – швајцарскиот тим Лозана.

Но, и покрај позитивниот резултат, играчите на најтрофејниот македонски клуб останаа прибрани. Знаат дека можеа повеќе, дека има простор за подобрување – особено со оглед на квалитетот што го поседуваат. А и ривалот не беше од највисок фудбалски ков.

По мечот, Едиз Спахиу, истакна дека вардарци треба да научат важна лекција од грешките што се појавија во текот на реваншот.

„Почнавме тешко, знаевме дека не нè очекува лесен натпревар. Сакавме да победиме, но не успеавме. Имавме неколку добри шанси кои не ги искористивме. Играњето на гости секогаш носи дополнителен притисок. Мораме да бидеме пофокусирани и поефикасни. Сега следуваат дуелите со Лозана, и верувам дека тимот ќе биде целосно подготвен. Уверен сум дека од грешките ќе научиме важни лекции,“ изјави Спахиу.

Следната фаза ќе биде нов тест за Вардар. Следува двомеч со швајцарскиот тим Лозана.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови