
Вардар го завери пласманот во второто квалификациско коло од Конференциската лига, иако не успеа да слави и на реваншот против Ла Фиорита. Најтрофејниот македонски клуб вечерва одигра 2-2 во Сан Марино и со вкупен резултат од 5-2 се најде во следната рунда, каде го очекува предизвик наречен – Лозана.
По натпреварот, напаѓачот Азер Омерагиќ, го сподели своето мислење за настапот на „црвено-црните“:
„Искрено, не очекував ваков резултат. Целта ни беше победа и вечерва, но тоа е фудбалот – кога ќе влезеш со малку опуштен пристап, знае да се врати како бумеранг. Тие имаа посед на почетокот, но потоа ние ја презедовме иницијативата и направивме неколку измени што донесоа разлика.“
Омерагиќ се осврна и на проблемите кои Вардар ги имаше во првите полувремиња на двата натпревари.
„Што се однесува до тие ‘спори стартови’ – навистина немам конкретен одговор. Тоа е нешто што мораме што поскоро да го решиме. Разговаравме за тоа и во соблекувалната. Имаме самодоверба, но мора да бидеме фокусирани од првата минута.“
Во однос на следниот предизвик – Лозана:
„Ќе одиме со уште поголема енергија против Лозана. Вардар секогаш оди на победа, тоа е нашата филозофија. Уште е рано за конкретни прогнози, но мотивацијата ни е голема“, заврши Омерагиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal