Connect with us

Работнички и Силекс веруваат дека можат да направат пресврт на реваншите во Конференциската лига

Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Работнички и Силекс, денеска ќе се обидат да надоместат значително заостанување од првите натпревари и да обезбедат пласман во втората квалификациска рунда.

Работнички загуби убедливо со 3-0 од Торпедо-Белаз на неутрален терен во Унгарија, но оптимизмот останува да живее кај „романтичарите. Реваншот ќе се игра од 18 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Тренерот Бојан Маркоски верува во подобро издание на својот тим.

„Имаме целосна слика за противникот. Ќе бидеме поорганизирани и поефикасни. Верувам дека ќе одговориме на предизвикот – има уште 90 минути.“

Оптимистички настроен е и капитенот Бесир Демири:


„Мора да ги сведеме грешките на минимум и да ги исполниме тактичките задачи. Можеме да изгледаме многу подобро.“

Силекс има негатива од 2-0 по поразот кај Дечиќ во Црна Гора. Реваншот се игра од 19 часот на стадионот на ФФМ.

Тренерот Александар Васоски најави паметна и трпелива игра.

„Првиот гол е клучен – ако погодиме рано, сè може да се промени. Верувам во квалитетот на моите играчи.“

Капитенот Дарко Анѓелески истакна:
„Нè чека тежок меч, но подготвени сме. Ќе дадеме сè од себе за победа.“

Во меѓувреме, Вардар има значајна предност откако ја победи Ла Фиорита од Сан Марино со 3-0 и веќе гледа кон следната фаза во квалификациите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови