Connect with us

Шкупи не е веќе под блокада на ФИФА – клубот од Чаир повторно може да регистрира фудбалери

Добри вести пристигнуваат за навивачите на Шкупи, клубот од Чаир конечно е симнат од „црната листа“ на ФИФА и повторно може да регистрира нови фудбалери.

По речиси четири месеци под забрана, Шкупи конечно ги реши проблемите што му ја закочија трансфер-активноста. Заедно со Воска Спорт, чаирчани беа санкционирани од страна на ФИФА уште од крајот на февруари, што значеше три преодни рока без можност за нови регистрации. Но сега е добиено зелено светло!

Ова значи дека сите фудбалери кои клубот ги претстави последниве денови конечно ќе можат да бидат и официјално пријавени и подготвени за настап во новата сезона.

Интересен е тајмингот, само 24 часа откако навивачката група „Шверцери“ јавно побара оставка од сопственикот на клубот. И покрај немирите надвор од теренот, оваа одлука на ФИФА е вистински „воздух“ за Шкупи пред стартот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови